Македонија се соочува со разнишан баланс на пазарот на трудот, бидејќи има премногу работници со високо образование и премалку работници со ниско образование

Ова е поднасловот на текст објавен во denar.mk кој ја пренесува анализата на институтот „Фајненс тинк“, кој пак ги истражува трендовите на пазарот на трудот во Македонија и во Србија.
Според студијата, во земјава има преголем број на работници од образовниот сектор, каде што конкуренцијата е огромна и чекаат до 70 кандидати за едно работно место. Наспроти тоа, има сериозен недостиг на работници од услужните и основните занимања.
Анализата ги споредува и платите во Македонија и Србија, кои се еден од факторите за миграцијата на работниците.
Повеќе на: https://denar.mk/293932/ekonomija/zdravo-jas-sum-doktor-na-nauki-i-rabotam-kako-kelner-vo-kafule-zemjava-si-ima-seriozen-problem
