Владимир Роме и Бранко Паљач порачуваат: „Овде нема правда“
Професорот од Техничкото училиште во Битола, а и поранешен гитарист, автор на музика и текстови од песните на „П.С.бенд“, ја изненади македонската музичка и политичка јавност со неговиот нов музички хит „Овде нема правда“. Песната во себе носи силна порака за состојбите во држава. Објавена е вчера и за 24 часа има преку 3600 прегледи на фејсбук. Професорот само најави дека песната ја напиша со повод, но не навлезе подлабоко во образложување на причините. На нашето прашање за поводот рече: „Знам дека ве интересира инспирацијата за песната, но за неа не би зборувал во мометов, самата песна кажува се“.
Ова е негова нова песна по осум години.
„Песната ја компонирав некаде во април, а со снимање почнав во јули во студиото на Раде Стаматов гитаристот во групата Гром. Аранжманот на оваа песна е мој. Во снимањето помогна Павле Јаневски, басистот во групата Фонтана, а ја испеа Бранко Шпољариќ-Паљач фронтменот на групата Чоканче“, вели Роме.