Санкционирани 19 возачи за непрописно престигнување на територијата на СВР Битола
Во текот на денешниот ден (19.10.2023) во периодот од 14.00 до 19.00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на возачите кои вршат непрописно престигнување. При контролата, санкционирани се 19 возачи кои извршиле непрописно престигнување ,а за време на контролата санкционирани се и 10 други видови на прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.