December 6, 2023

 Фотогалерија: Денот на Македонската револуционерна борба и 130 години ВМРО

23 Октомври е Денот на македонската револуционерна борба која го означува почетокот на една од речиси најдраматичните борби за слобода водена во овие простори на Европа, проткаена со многу настани, светли и темни мигови, со многу епски настани и борби, со многу емоција на синовите и ќерките на нашиот народ кои се вградија во нашата слобода. 23 октомври е и почетокот на организацијата која се роди во Солун и 130 години е стожерот на Македонија. И кога прашуваат што е толку свето во тие идеи, зошто толку многу се поклонуваме пред овие настани, херои и паднати животи, тоа е затоа што во срцето на таквиот концепт секогаш била и секогаш е и ќе продолжи да биде МАКЕДОНИЈА.

Не може да создадеме иднина ако не го почитуваме минато, целите и идеите на организацијата се живи и мора да ги исполниме преку подобар стандард и реформиран систем. Лошите политичари не се и не смеат да бидат посилни од добриот и напатен народ.

Се бориме за достоинство среќа и иднина, за нашата горда и просперитетна Македонија. За генерациите што немаа можност да се изборат, а оставија завет, но и за генерациите што доаѓаат. За иднина во која веруваме и заедно, само заедно, само заедно ќе победиме.


1142