Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови претежно во северозападните делови од земјата ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Температурата на воздухот во Пелагонија ќе се движи меѓу 4 до 17 степени Целзиусови.
До утре ќе се задржи релативно топло преку денот, а наутро со услови за појава на магла во одделни котлини. Локални врнежи од дожд ќе има во попладневните и вечерните часови во среда и од петок попладне, преку ноќта и особено во сабота кога врнежите ќе бидат пообилни. Од четврток времето ќе биде посвежо, а во сабота температурата ќе биде пониска за уште 3 до 4 степени и ќе дува умерен до силен северозападен ветер. Во ноќта кон сабота на планините претежно во северните делови од земјата врнежите ќе бидат од снег.
Извор: УХМР
