March 2, 2024

Подршка за пештерата со најголем отвор на Балканот


Проектот во организација Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на својата презентација во Битола во хотел ‘Милениум’ информираше за финансиска поддршка за пештерата „Пешна“ што ќе овозможи поголема видливост за туристите кои засега доаѓаат неорганизирано во општината, каде основен столб на развојот е руралниот туризм како што вели градоначалникот на општината Македонски Брод, Жарко Ристески.

Ова е за прв пат од постоењето на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот да работи еден ваков прекуграничен проект и во рамките на проектот се обучени десетина туристички водичи, а за истиот се снимени околу 160 часа промотивен материјал.

„Затоа што кога зборуваме за овој регион не треба да има инволвираност од политичка страна. Се работи за туризам и за регион со премногу убавини и културни наследства“, вели Анџело Ставридис, проект- менаџер од грчката страна.

Пештерата Пешна ќе биде ставена на туристичката мапа на Европа, како резултат на прекуграничен проект за валоризација на пештерата Пешна, на Општина Македонски Брод во партнерство со Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, кој ќе биде финансиран од ЕУ.


1539