Приказната за омилениот милиброд без која Божиќ во Италија е незамислив

Приказната за омилениот милиброд без која Божиќ во Италија е незамислив

Некогаш беше едноставен и купен без преголема помпа, а последниве години, барем кај нас, се случува вистинска експлозија од разни панетони. Така се и цените, од пристапни до оние што чинат дури пар кила стек.

Занаетчискиот панетон мора да содржи брашно, шеќер, супер свежи жолчки (најмалку 4 проценти од вкупната количина), путер (не помалку од 16 проценти), суво грозје и захаросани лушпи од цитрус (не помалку од 20 проценти), квасец и сол.

Тестото трае неколку часа за да се направи, бидејќи треба да се стврдне на начин сличен на киселото тесто, трипати да нарасне и да падне пред да се пече. Традиционално, содржи захаросана кора од портокал и лимон, како и суво грозје.

Состојки за филот од овошје:

300 грама мешано сушено овошје по желба (грозје, брусница, сливи)

100 грама захаросана кора од лимон или портокал

6 супени лажици рум (или вашиот омилен овошен сок)

Состојки за тестото:

6 големи јајца

480 грама остро брашно

250 грама путер

180 мл млеко

50 грама шеќер

махлепи – 1 1/2 лажиче )зачин кој дава за оригинален мирис милибродот 

кора од лимон

30 грама бадеми

1 и ½ лажица сув квасец

Подготовка:

Вечерта пред подготовката, сувото овошје и захаросани цитруси исечкајте ги на помали парчиња, ставете ги во сад и прелијте со алкохолен или безалкохолен пијалок по желба. Добро измешајте, покријте со крпа и оставете ги вкусовите да се стопат на собна температура преку ноќ.

За тестото: загрејте 150 мл млеко и оставете го да стане млако. Потоа додадете шеќер и сувиот квасец, добро измешајте и оставете го квасецот да се активира околу 5 минути.

Во миксер се ставаат брашното и подготвениот квасец и се мешаат со додатокот за тесто да се соединат состојките.

Додадете пет јајца и продолжете да мешате додека не добиете мазно, но лепливо тесто.

Малку по малку, во тестото додајте 250 грама омекнат, но ладен путер исечен на ситни коцки. Мешајте додека не добиете мазна и сјајна смеса.

Префрлете ја смесата во подмачкан сад, цврсто покријте со фолија и ставете ја во фрижидер преку ноќ. Бавното нараснување на тестото гарантира лесна и воздушна текстура, според експертите.

Втор ден: развлечете го тестото во правоаголник на набрашнета површина. Исцедете го овошниот фил од течноста во која е мариниран, па половината ставете ја врз развлеченото тесто. Преклопете го тестото и повторно расукајте го во правоаголник. Постапката повторете ја со остатокот од овошјето.

Обликувајте го „грбливото“ тесто со захаросани и сушени плодови во топка.

Намастете тркалезна, висока тава за панетоне, обложете ја со хартија и во неа ставете го тестото. Врз тестото притиснете ги бадемите, врз сето ставете крпа и оставете го тестото да стаса 2 до 3 часа на топло место.

Нараснатото тесто премачкајте го со смеса од преостанатото млеко (30 ml) и едно јајце.

Ставете го да се пече во загреана рерна на 180 – Целзиусови степени околу 20 минути. После тоа намалете ја температурата на 150 степени и печете уште 40 минути. Проверите дали тестото е испечено целосно. Додека милибродот е жежок попрскајте го со кристален шеќер помешан со ванилин.

Пред сервирање целосно изладете.


1130