May 19, 2024

Градоначалникот на Општина Могила, Драганчо Саботковски упати честитка по повод празникот Свети Климент

Во мое лично име и во име на Советот на општина Могила на сите граѓани им го честитам големиот христијански и државен празник 8 Декември – Св. Климент Охридски.

Денес го славиме споменот на Свети Климент Охридски, првиот македонски архиепископ, творец на далеку познатата Охридска книжевна школа и најзначајниот македонски средновековен писател и педагог.

Климент проповедал и поучувал на разбирлив народен јазик и го приближувал словенското население до верата. Во неговите дела се наѕира коренот на мислата на К.П.Мисирков „јазикот и верата се душата на еден народ“. Со основањето и раководењето на Охридската книжевна школа го продолжил делото на неговите учители и во Македонија го чувал и негувал словенскиот јазик.

А „да го чуваме нашиот јазик и да го браниме како светиња и да ја браниме татковината е наш долг и наше право“.


1078