ЗОРАН ПЕТКОВСКИ: ДИВЕЕЊЕТО ВО ОБРАЗОВАНИЕТО МОРА ДА ЗАПРЕ

Интегрален приказ на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК БИТОЛА:
Почитувани, многу брзо се очигледни последиците кои се случуваат во образованието како резултат на одземањето на ингеренциите од страна на МОН.
Оваа власт, до својот последен ден, не запира со уништувањето и уривањето на нормалното функционирање на воспитно-образовниот процес.
Така, по одземањето на ингеренциите за поставување директор во ОУ “Александар Турунџев” во Кукуречани, во ова училиште, наместо редовна и добро организирана настава пред завршувањето на првото полугодие имаме бојкот и комлетно нарушување на меѓучовечките односи и училишната клима.
Дополнително, вработените се револтирани од доцнењето со пресметката на платата.
Инаку, директорката (старо-нова) кадар на СДС и некогашна припадничка на Шарената револуција, попатно би требало да знае дека за стилот на СДС-паушално и тенденциозно поднесување кривични пријави, постојат правни последици и одговорност пред Законот.
Почитувани, веќе е јасно и се повеќе на виделина излегува фактот, дека зад ваквите експерименти со ингеренциите исклучиво станува збор за изместување на тековите на воспитно-образовниот процес, а сомнежот во намерите на власта на СДС и ДУИ во заминување дали зад директорските смени се крие бркање на вработени и вработување на партиски војници на СДС од ден во ден се зголемува.
И на крајот, повторно апелираме: ова дивеење во образованието мора да запре зашто образованието е еден од најцврстите темели на државата и директен параметар кој ја одредува иднината на младите генерации.


1143