Во пресрет на највеличественото празнување на Бадник и Божиќ, Општина Новаци оваа година за прв пат ќе се вклучи во БАДНИКОВАТА ПОВОРКА 2024 под слоганот ,,Почувствувај радост” на ден 06.01.2024 година во 11 часот.


За таа цел сите заинтересирани дечиња коледарчиња кои сакаат да учествуваат, своето присуство да го пријават во училиштето „Славко Лумбарковски“ во Новаци, во детската градинка „Бамби“ во Новаци или на телефонскиот број 075 456 034.


На бадниковата поворка ќе им претходат неколку работилници на кои дечињата заедно со своите родители ќе ги изработуваат божиќните ѕвезди направени од златен или жолт хамер прицврстени на стапче кои ќе ги носат на денот на самиот настан и заеднички ќе ја учат песната ,,Вечниот Бог” за во еден глас од сите страни на светот да му ја испеат на Христа и да го најават Неговото Раѓање!

Бадниковите поворки ги организира Здружение за возобновување на вистинските православни вредности, а тие пак пред два дена го објавија повикот до сите граѓани за учество во оваа голема верска прослава.

Извор: Општина Новаци


1126