Кралското семејство објави божиќна честитка, на утринската богослужба во црквата Света Марија Магдалена

Денеска речиси целото британско кралско семејство, со исклучок на Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, традиционално се обедини во Сандрингем за заедно да го прослави Божиќ. И оваа година, кралските божиќни прослави ќе се одржат на приватниот имот на кралот Чарлс во Норфолк.

Прва на листата на задачи била утринската богослужба во црквата Света Марија Магдалена, а очекувано, најголемо внимание привлекоа принцот и принцезата од Велс со своите малечки.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се појавија држејќи ги за раце нивните три деца – принцовите Џорџ (10) и Луис (5) и принцезата Шарлот (8). Целото семејство беше модно усогласено – сите носеле различни нијанси на сина и зелена боја и многу елегантни изданија.

Принцот Вилијам и 10-годишниот Џорџ се одлучиле за свечени, класични одела во темносина боја, додека малиот Луис ги маѓепса сите во карирани панталони и темносино палто. Принцезата Шарлот блескала во темнозелен капут во А крој, темносини хулахопки и балетанки.

Но, како и секогаш, главна ѕвезда била Кејт, идната кралица, која остана доследна на својот елегантен, префинет стил и монохроматските изданија.

Убавата бринета избрала миди капут во кобалтно сина боја, со строг, рамен крој и благо истакнат струк, а го надополнила со темносини антилоп чизми со дебела блок потпетица и впечатлив фасцинатор. Под капутот Кејт носела темносина ролка и здолниште, а доза на гламур додале и скапоцените обетки со сафири.

EPA-EFE/ANDY RAIN

1224

Задолжително

Verified by MonsterInsights