За едни поевтино, за други поскапо – а сите ќе плаќаат по 200 денари паушал месечно

За едни поевтино, за други поскапо - КАКВИ СЕ ИЗМЕНИТЕ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА

Цената на електричната енергија за домаќинствата после Нова година, кај првиот тарифен блок се намалува за 5,16 проценти. Вториот блок и евтината тарифа остануваат исти, третиот блок се зголемува за 2,88%, а четвртиот блок се зголемува за 1,86%. Ова денеска го истакна директорот на РКЕ, Марко Бислимовски на прес-конференција.

Како што посочи, со воведувањето на пристап кон мрежа, се овозможи цената за мрежарина да се намали за речиси 23%.

-Сето тоа ни овозможи да донесеме цени како што објавивме пред малку. Денеска покажавме што значи воведувањето на надоместокот на пристап кон мрежа. Тоа доведе до намалување на цената во првиот блок и цената во евтината тарифа и во вториот блок да остане иста, информира Бислимовски.

-Доколку не се воведеше надоместок за пристап кон мрежа, цената на прв блок ќе се зголемеше за 3,4 %, втор блок се зголемува за 8,62%, трет блок за 9,46%, четврт блок за 4,92% и евтината тарифа за 15,42%, рече Бислимовски.

Според директорот на РКЕ, новата цена за струјата е збир од цена за енергија, плус збир и плус мрежарината.

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, рече дека со новата наплата на надоместок од 200 денари, која повеќе ќе ја осетат оние со повеќе недвижнини, мрежарината поевтинува во просек за 23 отсто.


1196

Задолжително

Verified by MonsterInsights