Состојба на патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост од 50м. до 80м. има во Струмица и магла со видливост до 100м. во Тетово.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
По усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Но апелираат до сите учесници во сообраќајот кои не користат зимски гуми (иако тоа е законска обврска од 15. 11. 2023 год.) да го ослободат патот по кој се движат како не би преставувале пречка за останатите учесници во сообраќајот. Со самата постапка, на екипите на Македонијапат ќе им овозможат полесна и посигурна интервенција на патиштата со цел за нормално одвивање на сообраќајот. Ова посебно се однесува за планинските премини и за правците за кои има издадено известување за забрани за сообраќај за тешки товарни возила.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот дежурен телефон 02 / 25 61 502.


1031