ВЛЕГУВАМЕ ЛИ ВО ЕРАТА НА „ТЕРМИНАТОР?“: Робот нападна инженер во фабриката на „Тесла“
Робот нападна инженер на Тесла, по дефект што остави трагични последици во фабриката „Гига Тексас“ во близина на Остин.
Двајца сведоци во ужас гледале како роботот го напаѓа нивниот колега, кој бил дизајниран да фаќа и преместува свежо излеани алуминиумски делови од автомобилите
Роботот го закачил човекот и ги зарил неговите метални канџи во грбот и раката на работникот.
Инцидентот, во кој работот му нанел повреди на инженерот на левата рака, беше откриен во извештајот за повреди од 2021 година. Иако „Тесла“ не пријавиле никакви други повреди поврзани со роботи во фабриката во Тексас до регулаторите, инцидентот доаѓа во услови на зголемена загриженост за ризиците од автоматизираните роботи на работното место.
Извештаите за зголемени повреди од роботизирани соработници во транспортните центри на Амазон, самоуправувачки автомобили, па дури и насилство од роботски инструктори за шах, наведоа некои да се сомневаат во брзата интеграција на новата технологија.
Во извештајот за повредата, кој што во „Тесла“ се обврзани да го поднесат до властите со закон со цел да ги задржат профитабилните даночни олеснувања во Тексас, тврди дека на инженерот не му требало одмор од работата по инцидентот, иако ваквите и слични повреди се почесто се пријавуваат.
Сепак, и покрај наводите, според „Тесла“, инженерот не добил слободни денови и покрај отворените рани на раката.