Кедев: Врвовите на осум илјади метри се зона на смртта каде учите од природата

Кедев: Врвовите на осум илјади метри се зона на смртта каде учите од природата

Анапурна Непал, Нанга Парбат Пакистан, Чо Оју Тибет Кина. Врвови над осум илјади метри запишани во агендата за 2023 година  на познатиот светски искачувач на високи планини Сашко Кедев. Врвовите над осум илјади метри се негов најголем предизвик, на оваа висина веќе се влегува во зоната на смртта. Вкупно има искачено осум врвови над осум илјади метри. За секој качен врв но и потешкото неговото симнување рекол дека е најтежок и така за секој нареден. Кедев од планинте своето искуство несебично го раскажува на планинирите, на сите оние кои уживаат во авантурите, но и споредбата планината и животот.

„Карактеристично за сите овие искуства е што сите овие врвови се поврзани со движење во зоната на смртта. И сите овие искачувања се поврзани се со соочувања и поминувања низ тој ризик. Кога се симнував од Еверест 2009 година сметав дека тоа е најтешкиот врв и како поминуваше времето и како се соочував со другите врвови, наредното искуство беше посебно на К2 во Пакистан дека тој е најтежо. Меѓутоа пролетта во Април се качив на врвот на Анапурна и тоа искачување ја надмина тежината на се претходно и кога успешно се вратив и ја преживеав Анапурна сметав дека ми остануваат полесно врвови. Но потоа се соочив со Нанга Парбат тоа е планината убиец каде има најмногу загубено човечки животи. Нанга Парбат е најтешката планина од сите овие 14 врвови на осум илјади метри. Меѓутоа тука не завршува како во животот што нема точка.

Врвовите се како животот. Животот е еден проток, кој го живееме овој свет на нашата перпција која е многу лимитирна со нашите сетила и треба да ги развиеме нашите сетила да живееме во нашата сензитивност и да влеземе во зоната каде што ќе ни се остварат нови хоризонти. За него тоа се хоризонтите на живеење во сегашниот момент.

А за искачувањето и во животот потребно е сопственото искуство и ништо не може да го замени. И се што поминуваме во животот преку студирање, филозфирање, религија е позајмено знаење. Само личното искуство е вистинска лекција во животот.

Предизвик останува Шишанпагма во Тибет. Лошите временски услови и несреќата на големите планинари кои загинаа кога бил таму оваа есен биле причина да не го искачат овој врв. Но, моќното искуство од смртта  покажува дека планините се доживуваат во нивната најчеста форма.Но и на планините се разбира се доживува и тука се соочувате со начинот на преголемата самодоверба. Во искачувањето нема силење туку слушање на природата и на планината. Истото е и во животот самодовербата треба да оди со етичноста и голема одговорност за себе и за останатите. А неговата желба за наредната година е да се врати во Тибет на Шишанпагма. 

https://youtube.com/watch?v=moNneO3Rpno%3Fautoplay%3D1

1250

Задолжително

Verified by MonsterInsights