April 16, 2024

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНИ КОЊАНОВСКИ ПО ПОВОД БОЖИЌ

ХРИСТОС СЕ РОДИ! ВИСТИНА СЕ РОДИ! ЧЕСТИТ БОЖИЌ!

По повод големиот христијански празник, Божиќ – Денот на Христовото раѓање, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, утрово присуствуваше на Божиќната литургија во Соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола.

Во духот на значењето кое го носи празникот, радоста за раѓањето, почитување на семејните и градењето на човечките вредности, Градоначалникот Коњановски, испрати честитка, до сите свои сограѓани, пријатели и верници од православна вероисповед, кои денес го слават Божиќ:

„Новото утро нека нѐ исполни со радост, добро здравје и убави желби. Да се радуваме на веста која нѝ ја носи светлината, љубовта, милосрдието. Градењето позитивни промени, нека биде на добробит на сите нас, во текот на целата година.

Да се почитуваме меѓусебно, да ги негуваме вистинските вредности, да создаваме добри дела кои со добрина ќе нѝ го исполнат животот.

Посакувам овие празнични денови да ги поминеме во мир и разбирање, а секој дом да биде исполнет со семејна топлина и благосостојба.

Нека нѝ е среќен големиот христијански празник Божиќ!“, стои во честитката на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.


1108