Пад на светските берзи во првата недела од 2024 година

Од почетокот на 2024, заклучно, светските берзи забележале значителен пад откако претходно имало извесен раст.
На Волстрит, Dow Jones првата недела од годината загуби 0,6 отсто, на 37.466 поени, додека S&P 500 падна за 1,5 отсто, на 4.697 поени, а индексот Nasdaq падна за 3,3 отсто, на 14.524 поени. Првиот пад на овие индекси по девет недели раст е последица на еуфоријата за намалување на каматните стапки.
Имено, по наглиот раст, кој се случи во последните месеци од 2023 година, инвеститорите се понадеваа дека ќе има големи намалувања на каматните стапки. Сепак, нема инидикации дека би можело да се случи тоа наскоро, иако се веруваше дека каматните стапки ќе бидат намалени веќе во март оваа година.
Меѓу најголемите губитници беа акциите на технолошките гиганти, како што се Apple, Nvidia, Alphabet и Amazon.com, кои водеа минатата година во однос на растот на цените, а слични падови се забележуваат и на европските берзи.