April 25, 2024

Упорна сува кашлица совладува сѐ повеќе граѓани

Мистериозната кашлица ги алармираше
здравствените власти во повеќето
балкански државиМистериозната кашлица ги алармираше
здравствените власти во повеќето
балкански држави

Сува надразнителна кашлица што трае околу една недела и ги остава без сон луѓето е новиот сериозен здравствен предизвик. Луѓето се жалат дека ниту еден лек не им помага за намалување на упорната кашлица. Не само во Македонија туку и жителите на соседните држави од регионот го имаат истиот проблем. Мистериозната кашлица ги алармираше здравствените власти во повеќето балкански држави. Ништо подобро не е ниту во Македонија, па од тие причини ги запрашавме лекарите за што точно станува збор и дали е оправдана паниката помеѓу граѓаните.

Во соседството, српските епидемиолози смируваат

Досадна кашлица што доаѓа во налети, а во вечерните часови не ви дозволува да спиете периодов е доста актуелна во светот и на Балканот. За истата таа се пишуваше и во хрватските и во српските медиуми. Кашлицата трае и до две недели, а српските епидемиолози смируваат дека залудно се крева паника на социјалните мрежи.
– Откако се појави ковид, респираторните болести станаа светска тема и сега им се обрнува повеќе внимание. Ако некој кашла треба да се лекува дома, значи да одмора, да пие течности…, доколку не го прави тоа, нормално дека ќе кашла подолго време. На организмот му треба време за закрепнување, а кашлицата по прележана вироза може да трае и до три недели, па и еден месец – вели српскиот епидемиолот Небојша Бохуцки.
Со оглед на тоа што веќе некое време е активна темата за големата кашлица, позната меѓу народот како магарешка кашлица, епидемиологот вели дека постои дијагностика што се прави во случај кога лекарот се сомнева на оваа болест.
– Ако лицето кашла подолго од две недели, лекарот може да се посомнева дека станува збор за голема кашлица и тогаш се почнуваат испитувањата. Кај возрасните целосно е нејасна сликата, бидејќи нема друг симптом, освен кашлица. Главно, таа е во вечерните часови кај возрасните, а кај децата во текот на целиот ден.

Нема место за паника во Македонија

И македонските граѓани велат дека мака мачат со сува кашлица, која со ништо не се смирува.
– Сите дома кашламе. Бевме на лекар, направивме анализи, кои покажаа дека немаме ништо, но кашлицата сепак ја имаме. На крајот докторката ни кажа да пиеме повеќе течности, да одмораме и, еве, веќе значително сме подобри. Таа ни кажа дека сѐ е од воздухот и дека тоа е одбранбен механизам на организмот и мора да се искашла – вели Милица Најденовска.
Лекарите сепак ја смируваат ситуацијата. Велат дека нема никакво место за паника.
– Кашлиците најчесто се алергиски, но и од загадениот воздух. Надлежните треба да измерат што сѐ има во воздухот што го дишеме, какви алергени има. Дополнително има астматичари, лица со ХОББ, а овој период секогаш е ваков. Сега се и прослави, луѓето не се облекуваат доволно, па настинуваат, имаат синузити, кои подоцна предизвикуваат кашлици – вели докторката Лидија Чолакова Дервишова.
Таа вели дека нема нешто што отстапува од минатите години и дека нема потреба од кревање паника.
– Нема потреба од кревање паника, ова е карактеристично за овој период од годината. Надлежните да поработат малку повеќе на свеста, да се забрани пушењето во затворен простор, бидејќи и тоа има голем удел во целата ситуација. Не треба да го копираме Западот, треба да поработиме на свеста – вели таа.
Таа вели дека големо влијание има и промената на времето, кое исто така има голем удел, бидејќи влажноста на воздухот исто така придонесува за развој на кашли


1026