Уставен одлучи: ЗАСТАРУВААТ ДОЛГОВИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ПО 10 ГОДИНИ, извршителите изгубија

Уставен одлучи: ЗАСТАРУВААТ ДОЛГОВИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ПО 10 ГОДИНИ, извршителите изгубија

Уставниот суд на денешната седница не ги прифати иницијативите да се поништат измените на Законот за облигационите односи и на Законот за извршувањето од јули минатата година, кои пропишаа застарување на извршувањата, овозможија граѓаните да бараат деблокирање на сметките ако се поминати 10 години од решенијата од извршител, да бараат намалување на каматите оти тие не смее да го надминат износот на основниот долг и низа други олеснувања за граѓаните.

Според судот остануваат во правниот промет сите членови од измените на Законот за облигационите односи, како што е членот 1, кој дефинира дека износот на достасаната, неисплатена казнена камата престанува да тече кога ќе го достигне износот на главниниот долг.

Според Уставниот суд, неприфатливо е тврдењето во иницијативите дека се повредува правото на сопственост на доверителите со тоа што законодавецот, односно Собранието, предвидело да се ограничи висината на казнената камата кога ќе го достигне износот на главниот долг. Судот смета дека оспорениот член 4 од Законот за облигациони односи нема повратно дејство, односно ретроактивност бидејќи се однесува на постапки кои се уште траат, не се завршени, а не и на оние постапки кои пред влегувањето во сила  на законот завршиле.

Извршителите реагираа веднаш по усвојувањето на измените на законите и заедно со адвокатите, поддржани од коморите, побараа Уставниот суд да ги поништи измените. Во барањето за поништување на законите наведоа дека со измените во нееднаква положба се ставаат странките, односно се врши дискриминација на доверителите, а должниците се ставаат во привилегирана состојба.

Тие негодуваа поради тоа што измените на законите по изминување на периодот од 10 години како апсолутен рок на застареност, сметано од денот на поднесување на барањето за извршување, се гасат правата на доверителите за наплата на побарувањата и со тоа должниците се целосно ослободени од секаква обврска што ја имаат кон доверителите. За подносителите на иницијативата, ваквото законско решение има негативно влијание во однос на еднаквоста на странките во облигациониот однос.

Иако измените на законите беа донесени во јули минатата година и граѓаните што имаа блокирани сметки од извршители повеќе од 10 години можеа да побараат деблокирање, извршителите не постапуваа по нивните барања. Во изминатите пет месеци имаше и граѓани што извршителите ги препраќаа во судовите за бришење на застарените долгови или деблокирање на сметките, па многумина почна и такви постапки, но и судиите не постапуваа по измените.

Aктивистката Ана Глигоровска повторно на социјалните мрежи коментира за застарувањето на долговите.

„Ајде сега извршители, Уставен правилна одлука донесе, не ги прифати иницијативите на адвокатска комора, извршна комара,…за поништување на законот кој беше донесен летоска, за застареност на побарувањата. Законот за застарување е во сила, кажете им на извршителите“, пишува таа.


1483

Задолжително

Verified by MonsterInsights