May 19, 2024

ПРЕКУ ЕУ ФОНДОВИ НАБАВЕН НОВ КАМИОН ЗА СОБИРАЊЕ НА ОТПАД И КОМУНАЛНА ОПРЕМА ВО ВРЕДНОСТ ОД 82.750 ЕВРА

Вчера, во дворот на Општина Битола, со почеток во 12 часот, се одржа прес-конференција по повод активноста на Општина Битола во рамки на проектот “БАИР-Здружена Акција на Битола за вклучување на Роми”, финансиран од Европската делегација и имплементиран од италијанската невладина организација-COSV, Општина Битола и ПРЕДА плус Фондација.

Преку овој проект Општина Битола набави камион за отпад со мала големина и останата комунална опрема во вредност од 82.750 евра. Набавената опрема е наменета за ефикасно собирање на комунален отпад и одржување на јавните простории во населба Баир во Битола.
Локалните власти и граѓаните истакнуваат дека оваа инвестиција преставува решение на долгогодишен проблем во населбата, каде што собирањето на отпад беше ограничено поради географските и просторни предизвици. Се очекува се дека оваа иницијатива ќе има значителен позитивен ефект врз квалитетот на живот во населбата Баир и ќе послужи како пример за подобрување на комуналната инфраструктура во други слични области.

Камионот за отпад претставува клучен дел од оваа инвестиција и ќе овозможи ефикасно и брзо собирање на комунален отпад во овој дел на градот. Со неговата мала големина, специфично проектирана за овој контекст, претставува одлично решение за движење во тесните улички, каде што претходно беше предизвик за големите комунални возила.
Освен камионот, проектот вклучува и пет тримери за трева и една косилка, со што ќе се подобри уредувањето и одржувањето на јавните простории во населбата Баир. Оваа опрема не само што ќе придонесе кон подобрување на комуналната инфраструктура тука, туку и ќе креира подобри услови за секојдневниот живот на локалната заедница.

“Со задоволство би сакал да истакнам дека проектот БАИР со своите активности директно влијае на квалитетот на живот на маргинализираните заедници, особено во населбата Баир. Благодарни сме што активностите во овој проект не само што го идентификуваа секојдневниот предизвик со кој се соочуваат граѓаните на оваа населба, туку и понудија реални решенија. Новиот набавен камион за собирање на отпад и комунална опрема ќе придонесат во подобрување на комуналната инфраструктура во нашиот град и ќе создадат подобри услови за секојдневниот живот на локалната заедница во населба Баир. Во следниот период, до крајот на месец март 2024, предвидуваме реализација на следниве активности:

  • Поставување на 18 клупи на различни локации во населба Баир.
  • Поставување на 8 контејнери за подобрување на системот за одвојување и собирање на отпад.
  • Обновување на постоечките клупи кај месната заедница “Димитар Влахов” и поставување на корпи за отпадоци.
  • Чистење на веќе идентифицираните диви депонии во населба Баир.
    Овие активности се дел од нашата посветеност кон подобрување на животот во нашата заедница и создавање на чиста и безбедна околина“.

1128