March 2, 2024
„Министри ВРАБОТУВАЛЕ ПО 2-3 РОДНИНИ ВО М-НАВ“

Димитар Ковачевски не смее збор да изусти за тоа што Груби, Османи и половина влада вработувале семејства во М-НАВ. Ковачевски не е портпарол кога станува збор за бандитизмот, Ковачевски е портпарол само кога ќе му дошепне Али Ахмети, вели Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:

Според него уште пострашно, Љупчо Николовски, министер со цело семејно стебло вработено во М-НАВ, не му било гајле за ставот на премиерот!

Бујар Османи вработил сестра;

Артан Груби – снаа;

Ејуп Алими, екс пратеник од ДУИ – две снаи и син;

Беким Незири, притворен како предводник на групата тепачи во М-НАВ вработил внук;

Љупчо Николовски во М-НАВ има чичко, братучед, а Телма објави и за внук.

Ама Ковачевски не смее глас да пушти, не бил портпарол, вели тој.

Според него ова е шемата по која што функционира лажниот европски фронт.

– Министри вработувале по два-тројца роднини во М-НАВ, а потоа „не им е гајле“ што мисли премиер. Ковачевски не смее збор да каже за министри и функционери на ДУИ дури и кога тепаат во контролна кула за летање. СДС и ДУИ не може да се европски фронт, затоа што тоа е коалиција на бандитизмот.  Ова е класичен бандитизам со којшто функциите губат значење. Ваков бандитизам прави на народот да му се гади и затоа велиме никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме, изјави Стоилковски.


1141