March 2, 2024

АЏИЛАКОТ НА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ

1. Нарцисоидниот министер за внатрешни работи НА ЗАМИНУВАЊЕ (!),  Оливер Спасовски, оствари – според званичното соопштение од “органот”, на чие чело е скоро цели седум години, дека бил во званична (?) посета на САД и тоа во време кога наскоро претстои неговота смена од таа позиција и доаѓање на политичката сцена во РМ на таканаречената Пржинска влада.

   Иако во соопштенијата од “органот” се редеа информации за бројните “званични” средби на министерот Спасоски, сепак не разбравме ништо за средбите што не ни беа соопштени во соопштенијата, а со сигурност ги имало!?

   Посетата на О. Спасоски отвора многу прашања. На пример, за оправданоста од тоа скапо патешествие (со придружба, тв екишпа, дневници. хотели и сл). Што имал О. Спасоски да им соошти на нашите стратегиски партнери на само десетина дена пред неговото дефинитивно заминување од таа функција? Да не ќе да е самозадоволување на неговото лично его, или пак нешто друго?

   Мене лично патешествието на О. Спасовски преку барата ми личи повеќе на  а џ и л а к, или како што би рекол народецот наш, на “бакни рака”! На сите ни е јасно дека лицето Оливер Спасоски не крие амбиции да биде кандидат за претседател на РМ. А за таква кандидатура многу добро би му дошла подршката од “Големиот брат” (САД), зарем не!? А за да би дошло до такво нешто се поставува прашањето: та белким не помина лицето О.С. толкав пат само за да бакне рака (за евентуална подршка од ЦИА, Стејт департментот за да стане претседател на РМ), а да не помуди нешто за возврат? Се прашувам: Што можел да понуди О. Спасоски на американците за возврат?

  Оливере Спасовски, после сите скандали што се случија во МВР изминативе седум години колку си на чело на органот (на МВР), зарем уште се надеваш на претседателска номинација и (да не веруваш) подршка на македонските гласачи за тебе? Па ни ЦИА ни светa ЦИА не ќе можат да ти помогнат Оливере овој пат бидејки гневот на народот ја прели чашата заради политиките и на органот, но и на владата во која си. Па појди бре човече до полициската станица Пролет да ги видиш измрзнатите старци, мајки со мали деца, гневен народ Оливере што со денови мрзне заради вашата неспособност и глупави политики.

   Оливере, па зарем мислиш дека аферата со 214 пасоши на окорели криминалци и белосветски мафијаши е заборавена? Се лажеш ако мислиш така! Па според мене таа афера е круна на неспособноста и корумпираноста на поединци (не сите) во органот што го водиш. Мислиш ли дека за 30.000 евра (koлku што тврдевте) се давале пасоши на шефовите на црногорската, турска, неаполската, бразилската и кој знае уште која мафија? Колку за твоја информација, пасоши за пари даваат и Малта, Монако, Кипар, па дури и Австралија, но по цена од половина милион, до еден милион долари па и повеќе! Но даваат Оливере такви пасоши за пари на индивидуи кои тоа го бараат заради деловни, лични или други потреби и, што е најважно, на баратели со кристално чисто досие и минато!!! Колку за информација, рускиот олигарх Роман Абрамович, поранешниот сопственик на ФК Чези од Лондон, кој инвестираше стотици милиони фунти во Британската економија, бидејки не му беше продолжена визата за престој заради неговата блискост со Путин, си отиде во Израел и за еден милион долари си доби израелски пасош. Колку многу пари здипливте вие, во органиот (а не можело без твое знаење!) не знам, но има институции што тоа ќе го утврдат по изборите Оливере!

   Спиеш ли мирно по утките што ги направивте како орган за смртта на малата Вања? Злостор што доколку реагиравте правовремено и доколку некои  ваши служби не го штитеа оној манијак и убиец – сорабтник на вашите служби,  Палчо, можеше да се спречи Оливере Спасоски!!!

2.   Македонија доживеала и доживува сеуште многу понижувања и омаловажувања од сегашнава антимакедонска и анационална власт, но ова, последново навистина ме ужаснува. Имено, заради доцнењето во промената на личните документи според датумите во капитулантскиот договор од Нивице, како “спасители” за надминување на проблемот се јавија лицето: Стево Пендаровски, министерот Бујар Османи, па лицето Ковачевски  и други и тоа со најава: дека ке ги замолат (!?) своите грчки колеги “да дозволат”  рокот за замена на личните документи да се пролонгира!?

  Па добро бре лигуши недоветни, имате ли барем трошка достоинство (за национална гордост и да не зборуваме)? Па зарем ќе барам дозвола од Гркот за да решам многу акутен  проблем за нашите граѓани? Па вие не само што сте недоветни, туку сте злосторници бидејки не понижувате сите нас, граѓаните на Република Македонија!

  Свесен сум: Капитулацијата од Нивице е меѓународен договор што не обврзува да го почитуваме. Но прашувам: дали грчката страна испочитува барем една обврска од тој капитулантски договор? Сметам дека моравме унилатерално да го пролонгираме издавањето на нови лични документи за одредено пристојно време за да можат граѓаните да завршат работа, а доколку спротивната страна реагирашѓе (што не верувам) уверен сум дека арбитражно пресудата ке беша во наша корист.

 Со вакви некадарници како овие пто е на власт, држава не се гради!!!

3. Министерството за одбрана бомбастично најави дека ќе ја модернизира АРМ за што се предвидени големи инвестиции за набавка на современа опрема и техника.

   Се споменува дека за таа намена од Буџетот зе бидат одвоени 2,3% од  ЏиДиПи, со што  ќе биде задоволена и нормата од НАТО за инвестирање во одбраната од најмалку 2% од секоја земја членка.

   Една крупна инвестиција  во одбраната веќе е направена во 2022 година кога од САД се купени оклопни возила за 210 милиони долари, а од Франција оружје за противвоздушна одбрана за 66 милиони долари.

   Оправданоста за модернизација на македонската армија е насушна потреба и инвестициите за таа намена и покрај тешката финансиска состојба во државата се оправдани, но ако за  автопатите на  “Бехтел и Енка” треба да се потрошат една милијарда и 200 милиони долари, тогај секако треба да се инвестира и за  одбраната. Само прашсње е колку провизија даваат производителите на воена опрема за купувачо на таа опрема и кому таа провизија ќе му пропадне? Да не ќе да е како случајот со набавката на железаријата од САД за 210 милиони долари, за што -неофиџијално, се дадени 20% провизија, т.е. 42 милиони долари, а кои не знаеме (но можеме да претпоставиме) во чии џебови завршија??? Кутриот бивш министер за одбрана З.Ј. триеше раце дека за неговиот мандат ќе изврши набавка на воена опрема за 250 милиони долари и ќе “лапне” од провизиите, но не му било судено, или не се вклопувал во тогашната констелација на власт!? Друг се омрсил, и тоа многу добро со провизијата од тој “дил”!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор


1141