April 17, 2024

Кога се љуби – нова песна на Македонецот со швајцарска адреса

Велешанецот Александар Ристовски, кој зад себе веќе има неколку песни, деновиве на јавноста и ја претставува најновата – интересна комбинација од латино стил и фолк елементи, а насловена „Кога се љуби“.

Александар, кој неколку години живее и работи во Швајцарија, продолжува да создава македонска музика, а за својот најнов проект кој го работеше со комплетен тим од Македонија, Ристовски самиот ги направил музиката и аранжманот. Текстот го потпишува Огнен Неделковски, а аудио миксот е дело ма Аго ДНД продукција.

За песната е снимен и видеозапис реализиран од Даниел Јовески, а кадрите од видеото се снимени во Швајцарија. 


1071