March 2, 2024

Во Грција разбиена мрежа на малолетна проституција-мајка забележала дека ќерка ѝ има многу пари

Во Грција разбиена мрежа на малолетна проституција-мајка забележала дека ќерка ѝ има многу пари

Приведени се две жени на возраст од 25 и 31 година и еден маж (55).

Сѐ било откриено откако мајката на една од жртвите забележала дека нејзината ќерка, која има само 15 години, одеднаш „плива во пари“.

Кога почнала да истражува како нејзината ќерка ги добива парите, ја открила страшната вистина, а потоа решила сѐ да пријави во полиција.

„Тоа што го направи оваа мајка е многу храбро, со оглед на тоа што добивала страшни закани дека ќе ѝ наштетат доколку открие нешто“, изјавил извор од истрагата.

Полицијата ги задржала двете девојки во притвор, додека мажот (55) кој е обвинет за односи со малолетни лица е пуштен со кауција од 5.000 евра.

Според истрагата, извесна Лорела, која имала мал син, 34-годишен маж и 25-годишна Елена „ловела“ малолетничкии и користејќи го луксузниот живот што го воделе како мамка, ги терала на проституција.

Меѓу нивните жртви има 17-годишно и 15-годишно девојче, а властите проценуваат дека има уште многу девојки кои паднале во стапицата.

Ги видов парите, клубовите, девојките полни со пари и реков: „Дозволете ми да го сторам истото“, вели 17-годишната жртва.

Иако првично негирала дека Лорела е вмешана во синџирот на проституција, набрзо признала дека ѝ се заканувале да не зборува за улогата на Лорела во злосторството.

Според сведочењето на жртвите, таа наоѓала клиенти на социјална мрежа. Тоа биле главно постари, финансиски богати мажи.

Лорела тогаш им ветила на девојките големи суми пари доколку спијат со „старци, кои добро би платиле да вкусат младо месо“.

Девојчето, чија мајка го разоткрила синџирот на проституција, било регрутирано во 2022 година и постојано била во врска со своите „високо плаќачки“ клиенти.

Во акцијата е уапсен уште еден маж (34), кој им наредувал на девојките да привлечат клиенти. Потоа организирал фотосесија, каде девојките позирале во долна облека, а нивните фотографии потоа биле објавени на Интернет и „привлекувале“ најмалку десет клиенти, со кои девојките потоа се среќавале во хотели во центарот на Атина.


1100