March 2, 2024

СО ОПШТИНСКА ПОДДРШКА РЕАЛИЗИРАНИ ПОВЕЌЕ ПРОЕКТИ ВО СОУ „ТАКИ ДАСКАЛО“

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети СОУ „Таки Даскало“, каде со поддршка од Општина Битола реализирани се крупни инфраструктурни проекти, кои придонесоа за осовременување и унапредување на условите за учење и работа, како и подигнување на квалитетот на воспитно-образовниот процес. Во училиштето, реализирани се проекти во вкупна вредност од околу 5 милиони денари, а директорот Ристо Грујовски, информираше за досегашните активности:

„Реконструиран е подот во сите училници и кабинети во двете училишни згради, извршено е комплетно обновување на паркетот во вкупна површина од 2722 м2, а  дотраениот паркет заменет е во вкупна површина од 136 м2. Вкупната вредност на проектот изнесува 2.394.380 денари.

Извршена е комплетна санација на внатрешните скали во Блок Б во вкупна вредност од 496.500 денари.

Во тек е реконструкција на училишниот двор со бекатон плочки во делот на паркинг-просторот за вработените во вкупна површина од 418 м2 и поставување на електронска рампа, во вредност од 330.000 денари“, рече директорот Грујовски.

Во училиштето, набавен е и нов училишен мебел, училишни табли и столчиња во вредност од 300.000 денари, а набавена е и нова компјутерска и друга ИКТ опрема за сите училници, телевизори и нагледни средства за сите струки и гимназијата во вредност од 500.000 денари, како и машини и друга опрема во вредност од 300.000 денари.

Претходно, во ова училиште беа реконструирани двете спортски сали, соблекувалните, тоалетите и кабинетите за професорите по спорт, се уредија спортските терени, терени за футсал, кошаркарското, одбојкарско игралиште, осветлени со рефлектори, училишниот двор е поплочен и уреден со нова урбана опрема и хортикултурно уредување.

Градоначалникот Коњановски нагласи дека, Општина Битола, продолжува да биде поддршка за училиштата во кои се реализираат инвестиции со цел создавање подобри услови за учениците и вработените.


1138