March 2, 2024

СЕ ИЗГЛАСА ЗАКОНОТ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА Помина со злоупотреба на европското знаменце

Со 55 гласови „за“ Собранието попладне ги усвои измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, предложен од Владата со европско знаменце. Измените, меѓу другото, предвидуваат објектите за игри на среќа да бидат оддалечени не помалку од 500 метри од основните и средните училишта. Законот беше донесен во скратена постапка, со европско знаменце.

Против носењето на овој закон во дискусијата беа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои бараа тој да биде повлечен.

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) претходно организираа протест пред законодавниот дом изразувајќи го револтот предлог-законот.

Оттаму, тие побараа претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува указот за стапување во сила на законот, велејќи дека со измените ќе се затвори гранка во која има илјадници вработени, а кои со измените на законот ќе останат без работа, со што идиректно ќе се загрози егзистенцијата на 50.000 граѓани.

Шефот на државата неодамна изјави дека нема да го потпише Законот за игри на среќа, кој се носи злоупотребувајќи го европското знаменце, а за кој е јасно дека не постои јасна европска директива.


1113