March 2, 2024

Во организација на Руската амбасада во Македонија, здруженија за руско-македонско пријателство и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид се одбележа Денот на руската дипломатија – професионален празник на дипломатските и конзуларните работници што се одбележува во светот.

Делегација на советници од Советот на општина Битола, градоначалниците на Новаци и Могила, почесни конзули во Битола и припадници на руската заедница во Македонија и Битола им се придружија утринава на почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид д-р Велимир Стојковски и неговата екселенција амбасадорот Сергеј Баздникин и положија свежо цвеќе на споменикот „Руски крст“ во Битола, изграден во спомен на конзулот Александар Ростковски, конзул во Битола и Македонија во времето од 1895 до 1901 година.

Во продолжение интегрално обраќањето на Н.Е Сергеј Баздникин и фотографии од настанот на ПелаНет.


„Почитувани сонародници, драги пријатели,
Ви благодарам на сите за учество во традиционалната церемонија на положување венци кон споменикот „Руски крст“ по повод професионалниот празник кој се одбележува на 10 февруари – Денот на руската дипломатија.
Празникот ја симболизира нераскинливата врска помеѓу минатото и сегашноста на руската дипломатска служба, за чии службеници љубовта кон Татковината, грижата за нејзината благосостојба и иднина, лојалноста кон должноста и несебичното служење на Родината, без претерување, се апсорбираат со мајчиното млеко и се дел од генетскиот код.
На овој ден се сеќаваме на оние кои го дадоа најскапоценото – животот, несебично исполнувајќи ја својата службена должност. Безусловниот пример за нас е Александар Ростковски – рускиот императорски конзул во Битола, чие убиство во 1903 година предизвика општо вознемирување.
Добро познато е дека рускиот дипломат го поддржувал христијанското население на Македонија во борбата за слобода. Неговите активности придонесоа за развој на македонскиот национален идентитет. Јасна потврда дека личноста на Александар Ростковски и резултатите од неговото дело
остануваат во меморијата на македонскиот народ е „Рускиот крст“ подигнат во негова чест на иницијатива на битолчани.


Во секое време, руската дипломатска служба правише сѐ што е можно за обезбедување на националните интереси, зајакнување на суверенитетот и зацврстување на водечката позиција на земјата на меѓународната сцена. Во сегашните услови, кога Русија повторно се бори против мизантропската идеологија на неонацизмот во Украина, користена од Западот како алатка во обид да ни нанесе „стратешки пораз“, одговорноста на дипломати се зголемува многукратно.
Нашата агенда е отворена и позитивна – Русија активно учествува во формирањето на нов, поправеден мултиполарен свет со еднакви права и можности за сите земји и цивилизации.
Ова исто така важи и за „држави-цивилизации“, една од кои е Русија.
Ова важи и за сите членови на меѓународната заедница кои не се осврнуваат на своите „хегемони“ кога работат за општа добробит и, пред сè, за добробит на своите народи.
Ние не само што сме еден од лидерите на овој објективен процес, туку за нашата иднина, за принципите на праведен свет, за слободата на земјите и народите Русија се бори на бојното поле. И, секако, победа ќе биде наша.
Вистината е на нашата страна. Напорите на САД и нивните сателити насочени кон ослабување на Русија и поттикнување омраза и нестабилност ширум светот се осудени на неуспех.
Ќе продолжиме да ја шириме вистината, барајќи промовирање на објективниот образ на нашата земја, адекватно реагирајќи на деструктивни чекори, аргументирано одговарајќи на манифестации на русофобија.
Суштината на надворешно-политичката линија на Русија е отвореноста за интеракција со други држави – врз основа на еднаквост, взаемно почитување и разгледување на меѓусебни интереси, принципи на доверба и неделивоста на безбедноста. Токму вака – и само вака – подготвени сме да работиме и со Скопје.
Обраќајќи им се на нашите македонски пријатели присутни тука, ќе потцртам дека односите меѓу нашите земји минуваат низ тежок период.
Сепак, ова не е наш избор. Многу пати нагласувавме дека сите обвинувања за наводното мешање на Русија во текот на многу години во внатрешните работи на РСМ во различни области се апсолутно беспочвени. Ситуацијата е токму спротивна – ние повеќепати сме подале рака на помош, без тоа да го условуваме на кој било начин. Убедени сме дека сето тоа му е добро познато
на братскиот македонски народ, со кој сме врзани со вековни врски на пријателство и меѓусебно почитување, засилени со духовно и културно сродство и заеднички словенски корени.
Покрај цел број дејствија што ги презема владата на РСМ, сè уште чувствуваме пријателско расположение и симпатии кон Русија буквално на секој чекор, високо го цениме таквото искрено однесување на огромното – ќе потцртам, огромното – мнозинство граѓани. Сигурни сме дека тоа може да стане основа за обновување на врските кога за тоа ќе се појават благопријатни услови.
Искрено ми е драго што ве гледам сите денес кај „Рускиот крст“. Ви посакувам на вас и на сите македонски граѓани успеси во спроведувањето на планови кои одговараат на вашите интереси и сѐ најдобро. “


1126