April 16, 2024

Костадиновска Стојчевска ги демантира обвинувањата: Ниту еден критериум за избор на проекти нема партиски основ

ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период упати жестоки критики, на како што ја нарекоа, скандалозната програма во културата и за начинот на распределба на паричните средства од објавениот конкурс.

Министерката ги отфрли обвинувањата дека од Култура издвоиле 30.000 евра за реализација на фестивал во Приштина, туку според Костадиновска Стојчевска станувало збор за учесто на четири театри од Македонија на фестивал во Косово, а наредната година домаќин на тој културен настан ќе биде градот Скопје.

Костадиновска Стојчевска во однос на Програмата појасни дека средствата биле пресметани домаќински и дека апликантите имаат можност за жалби до Министерството за култура.

На денешниот брифинг со новинарите, министерката за култура исто така информираше дека, некои од авторите и уметниците кои добиле финансиска поддршка, најавиле дека ќе се откажат од проектите поради хајката против нив во јавноста.

Универзална сала е предвидено да биде готова за три години, најави министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, која додаде дека годинава за нејзино реконструирање обезбедени се 120 милиони денари.

ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период упати жестоки критики, на како што ја нарекоа, скандалозната програма во културата.


1068