За свои години сметам дека имам доста прошетано и видено. Од Европа преку Блискиот Исток до Африка.

Имам видено многу убави девојки по свет. Оние слаби ко Твиги со коса до половина, оние со војничка фризура во Париз и Милано. Оние со перфектно исончан тен по Ница и Портофино. Оние на затворените приватни плажи во ланецот на луксузни хотели Савој Марин во Монако (патем несмеевме ни да помислиме да влеземе па висевме по оградата и гледавме преку жица), оние Тутси мулаткињи во хотелот Мил и Колин во Кигали во Руанда кои седеа заедно со Хуту пријателките не обазирајќи се на геноцидот кој се случуваше надвор. Беа прекрасни, ко адак антилопи со нозе до врат, извајани ко у најдобрите времиња на генијалниот Да Винчи и вонвременскиот грбавец Микеланџело… Оние со средно школо и оние со докторати и магистратури који не се разликуваа баш по ништо.

Едноставност, убавина, грациозност, стил се мешаат ко у текстот на Рибља Чорба “Кад ходаш не застајкујеш, а земљу не додирујеш, мене не примећујеш и упорно се трудиш…”

Овие девојки се без никакви додатоци, без лажни трепки, нокти, усни, гради. Единствен украс на таквите девојки е бледо црвениот карми на усни и грациозен од, ко да не ја допираат земјата. Како да се искочени од филмовите ‘‘9 и пол недели‘‘ и ‘‘Опасни врски‘‘, како Ким Бесинџер и вонвременската Мишел Фајфер. Таквите девојки заслужуваат типови како Мики Рурк и Том Харди. Надвор сурови, внатре топли и емпатични кои ќе застанат по секоја цена позади нив. Оние кои го вадат најдоброто од тебе и те тераат да бидеш подобар.

Грациозноста, стилот, убавината, едноставноста не искачаат од салоните за убавина. Искачаат од домот, фамилијата, строгиот граѓански морал. Од перфектниот егзорцизам на духовниот провинцијализам.

Пишува: Владимир Милетиќ


1202