April 17, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: ЕВАКУАЦИЈАТА на СДС не запира

Прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола ја пррнесуваме во целост:

Во Битола ЕВАКУАЦИЈАТА на СДС не запира, сопругот на советничката Мими Ралевска и локалниот портпарол вработени во државни институции.

СДС пред заминување не запира да ги понижува битолчани и дрско и безобразно им се оддолжува на своите гласноговорници, кои постојано изнесуваат лаги и манипулации од говорницата во Советот или на прес конференции.

Така, лицето Ивона Трифунов, во последно време позната како “креатор” на невистини и бесмислени прес конференции пред големиот пораз ја вдомуваат во Клиничка болница, како референт за кадровски работи, а за сопругот на новопечената политичарка и советничка, Мирјана Ралевска – Кире Ралевски обезбедуваат работно место како магационер во ученичкиот дом Мирка Гинова, каде и без тоа врие од криминал и злоупотреби, од страна на нивната директорка.

СДС, со секој изминат ден се се поблиску до големиот пораз и свесни за тоа остана да се занимаваат само со вакви ситни вработувања – без никаков обзир кон тоа што му е обврска како власт.

Затоа ситуацијата е ваква каква што е – очајна, а изгубените СДС, чираци на ДУИ, секој ден подлабоко пропаѓаат во жива песок која има само едно единствено име – епски пораз на претстојните избори!


1087