April 16, 2024

Во салата на Народниот театар во Битола се одржа 60 манифестација „Избор на најдобри спортисти за 2023 година“, во организација на Сојузот на спортови со поддршка од Општина Битола. Македонскиот ракометен репрезентативец и член на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски, беше избран за спортист на Битола за 2023 година. Второто место му припадна на кошаркарот Андреј Маслинко, третото место на скијачката Ева Милевска и боксерот Ален Рустемовски.
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, испрати честитки до сите наградени, посакувајќи им многу нови успеси.

Еурофарм Пелистер е екипата на годината, а пионерската екипа на ФК Пелистер најдобра млада екипа. Посебни признанија добија триатлонецот Вања Атанасов, кошаркарката на годината во Македонија, битолчанката Елена Тасевска, боди-билдерот Владе Станковски и уште многу други.

Награди за животно дело им беа доделени на фудбалерот Кочо Баљари и ракометарот Атанас Нашоку – Саку. Постхумно признание му е доделена и на поранешниот претседател на Сојузот на спортови, Силјан Мицевски.


1043