April 17, 2024

УСВОЕН ЛОКАЛНИОТ АКЦИСКИ ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД

Општина Битола го усвои Локалниот акциски план за управување со отпад. Планот не само што помага да се откријат главните проблеми и недостатоци во управувањето со отпадот, туку и стратешки го дефинира начинот на кој ќе се обезбедат услугите за што е можно повеќе жители. Ќе биде воведен систем за селекција и собирање на посебни текови на отпад, ќе бидат намалени количините на органски отпад на депонијата и ќе биде изградена депонија според европски стандарди, со што ќе се подобри квалитетот на водата, почвата и воздухот во нашата општина.

Локалниот акциски план го подготви работна група составена од членови на општинската администрација и јавното комунално претпријатие, со поддршка од SALAR International и Шведската агенција за меѓународен развој.


1079