April 17, 2024

Од задутре нема повеќе гарантирани цени во маркетите

Задутре истекнува мерката гарантирани цени на производите во маркетите. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека секое секое нелогично зголемување на производите, кое ќе биде надвор од пазарната логика, ќе биде санкционирано.

Доколку не се донесе законот за нефер трговски практики соодветно ќе реагираме. Секое нелогично зголемување на цените, кое ќе биде надвор од пазарната логика, ќе биде санкционирано, што тоа ќе значи, знаеме од минатото“, кажа Битиќи.

Тој вели дека кај трговците освен профит мора да има морал и етика но ако не се донесе законот за нефер трговски практики тоа значи дека ќе има реакција од институциите.

Ние сметаме дека конечно лекцијата е добиена, дека во државата освен правење на бизнис и креирање на профит мора да има морал и етика кај компаниите. Сметам дека замрзнувањето на цената не е една од мерките која што соодветствува со пазарната економија, оценувам дека треба да се вратиме во нормалните текови на живеење а на бизнисмените им останува соодветно да се однесуваат. Тоа нема да значи дека еве ако во Собранието нема разум за носењето на Законот за нефер трговски практики дека ние нема да реагираме“, кажа Битиќи.

Според него, конечно е дојдено времето секоја една институција соодветно да реагира.

Не можеме да бараме одговорност од тие што не се повикани. Комисијата за заштита од конкурентност како и Здружението за заштита на потрошувачите се најповиканите кои треба да реагираат секогаш кога имаме вакви случувања. Секако ние како Влада дадодвме еден предлог, тој е во собраниска процедура а тоа е законот за нефер трговски практики кој не знам зошто не е изгласан“, истакна вицепремиерот.


1050