April 17, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ од чист инает не гласаа за продолжување на важноста на пасошите, 600.000 граѓани се заглавени заради нив

СДС и ДУИ можеа, а не гласаа за продолжување на важноста на пасошите, 600.000 граѓани се заглавени заради нив, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците на СДС и ДУИ не гласаа за Предлог законот предложен од ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на важноста на пасошите. СДС и ДУИ вчера одлучија да работат на штета на 600.000 наши сограѓани. 600.000 граѓани од кои дел треба да заминат на некакво патување во странство, а не можат заради СДС и ДУИ немаше да го имаат тој проблем, ако пратениците на власта во заминување го поддржаа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. Власта во заминување реши да малтретира 600.000 народ од чист инает. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.


1078