Нарушувањa на јавниот ред и напад на колешка во Битолската болница

На 02.03.2024 во 01.15 часот во Демир Хисар, полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар ги привеле Д.Ј.(19) од с.Вардино, П.К.(22) од с.Смилево и Б.Т.(24) од с.Смилево затоа што во 01.00 часот пред угостителски обхект го нарушиле јавниот ред и мир со учество во физичка пресметка со Д.Б.(25) од Демир Хисар. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.03.2024 во 19.55 часот во с.Кривогаштани, полициски службеници од Полициското одделение Кривогашани ги привеле З.А.(25) од с.Норово и З.С. од Крушево затоа што пред угостителски објект го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.03.2024 во 15.50 часот во СВР Битола, Т.Ч.И.(49) од Битола пријавила дека на работното место во Клиничка болница Битола била физички нападната од нејзината колешка Д.Т. од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.


1193