Јанкулоска со поддршка за Силјановска Давкова: Овој народ, оваа Македонија мора да собере сила да биде подобра држава!

Јанкулоска со поддршка за Силјановска Давкова: Овој народ, оваа Македонија мора да собере сила да биде подобра држава!

Поддршка за мојата професорка, затоа што докажа дека жената истовремено може да биде добра мајка, посветена сопруга и експерт во својата професија – сочуствителна но истовремено храбра, достоинствена и принципиелна!, вели ексминистерката Гордана Јанкулоска на „Фејсбук“.

Овој народ, оваа Македонија мора да собере сила да биде подобра држава! Никогаш не било полошо, но мора да се бориме! Јас и сите како мене што без оглед на цената што ја плаќаме никогаш не побаравме друга опција освен МАКЕДОНИЈА, ќе продолжиме да се бориме за нормален живот на нашите деца овде – во Македонија, напиша Јанкулоска. 


1097