По повеќе од пет децении повторно Литургиско служење во манастирот Св.Теодор Тирон над с.Граешница
По повеќе од пет децении повторно Литургиско служење во манастирот Св.Теодор Тирон над с.Граешница.
Манастирот е сместен во падините на Баба планина на 18 км од Битола и на 3 км од с.Граешница.
Манастирот е изграден на стари темели кој датираат од 12/13 век и реобновен е во дваесетите години од минатиот век и повторно целосно реконструиран во 2021-ва година,така да после воведувањето на двете манастирски слави на денот Св.Теодор Тирон и на преносот на моштите на Св.Теодор Стратилат каде секоја година се славеше и каде се креваше само “Лебни погачи” и се крстеше вода,сега за првпат во манастирот се одржи Свето Евхаристиско служение или Света Литургија во служба на бистричкиот парохиски свештеник отец Горан.
После Литургијата се послужи и скромна трпеза и се прослави како и денот посветен на Теодор Тирон така и воведувањето на Евхаристиско служение во истоимениот манастир.










На многаја лета достојно Оче благослови +++