Доналд Трамп изјави дека му е чест што се сретнал со унгарскиот премиер Виктор Орбан, нарекувајќи го политичарот „голем лидер“ кој е почитуван ширум светот

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека му е чест што се сретнал со унгарскиот премиер Виктор Орбан, нарекувајќи го политичарот „голем лидер“ кој е почитуван ширум светот.

Трамп го угости Орбан на неговиот имот во Мар-а-Лаго во петокот вечерта. Разговорите траеја околу еден час, а потоа следуваа вечера и концерт.

Прес-службата на поранешниот претседател изјави дека Трамп и Орбан „разговарале за широк спектар на прашања што ги засегаат Унгарија и Соединетите Држави, вклучително и огромното значење на силна и безбедна граница за секоја нација“.


1297

Задолжително

Verified by MonsterInsights