May 19, 2024

АНГЕЛЕВСКА: РЕК Битола е паднат на колена!

Прес конференцијата Силвана Ангелевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, ја пренесуваме интегрално:

Почитувани граѓани,

РЕК Битола е паднат на колена! После 7 години лажење, манипулации, безмилосно крадење, местење милионски тендери.
Почитувани грѓани гордоста на македонската енергетика, стожерот на електроенергетскиот систем РЕК Битола од синоќа, не прозведува електрична енергија !

Денес е жално и страмно за сите вработени во РЕК Битола само не за менаџерскиот тим кој вчера пееа и славеа во хотел Молика.

Во текот на минатата ноќ испаднат е БЛОК 3 по хаварија во котелскиот дел од електраната, кој подолго време бил експлоатиран со технички проблеми поради несоодветниот скап увозен јаглен.
Дали повторно станува збор за огромна хаварија по која Блокот беше забетониран и надвор од мрежа повеќе месеци?
Дали повторно ќе плаќаме милионски суми за санација на последиците се само дел од одговорите кои ги чекаме од менаџерскиот тим ?
Незнаењето, поставувањето на партиски кадри на несоодветно место и недисциплината во извршувањето на работните задачи е главна карактериситика на ова владеење и менаџирање на СДС и ДУИ.
Со ваква работа се доведува во опасност егзистенцијата на сите вработени како и уништување на целокупната опрема.
И повторно предупредуваме, состојбите во РЕК Битола се многу сериозни и освен што чинат милиони евра пари на граѓаните, што е уште посериозно, може да чинат и човечки животи!
За овие состојби не е виновен никој друг освен некадарното раководство на РЕК Битола и ЕЛЕМ.

Заради целокупниот хаос, недомаќинското работење, уништувањето, крадењето , ризикот врз сите вработени во комбинатот, бараме комплетните раководства на АД ЕЛЕМ и РЕК Битола да си поднесат НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА!
На граѓаните им е потребен стабилен енергетски систем, којшто ќе гарантира стабилно производство на електрична енергија и домашна поефтина струја.
По демократските промени, новата, одговорна и транспарентна влада предводена од ВМРО ДПМНЕ најпрвин ќе има одговпрност за уништувањето на РЕК Битола и криминалните тендери.
Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поттикне и поддржи развојот на домашните енергетски капацитети, што ќе придонесе за зголемување на домашното производство на струја и пониска цена на струјата.

Никогаш не било полошо во Македонија!
Време е за избор, хаос или ред. Важно е да ги поразиме.


1119