„Платформа 1198“ се потпира на 5 клучни столба и ги става ГРАЃАНИТЕ НА ПРВО МЕСТО (ВИДЕО)

Ако ВМРО-ДПМНЕ знае да направи нешто што е навистина добро, тоа е да прави проекти, и програми кои ќе бидат најдобриот одговор за реалните проблеми со кој живеат граѓаните на Македонија. Тежината на оваа програма која низ долготраен процес на консултации и собирање на најдобрите знаења на луѓето кои сакаат да се вградат во напредокот на државата, се состои во даденото ветување дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата си стои на зборот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната презентација на програмата „Платформа 1198“.

Мицкоски потенцираше дека програмата е наречена „Платформа 1198“ и е длабоко визионерска програма посветена на развојот на Македонија, квалитетниот живот на сите граѓани, како и поставување на луѓето на прво место.

Платформа 1198 затоа што содржи 1198 проекти со кои решаваме огромен број на проблеми кај граѓаните, затоа што за нас граѓаните се на прво место. Со фокус на реалните проблеми, оваа програма е срочена за да гарантира целосно функционирање на системот, заштита на националните интереси, квалитетно образование, како и модерен здравствен систем, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека документот содржи и конкретни реформски мерки и политики кои ќе генерираат динамичен и повисок животен стандард, повисоки плати и пензии, притоа осигурувајќи ред и правда за сите.

Мицкоски напомена дека пред се, ќе се цени квалитетот.

https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FMickoskiHristijan%2Fvideos%2F1210419926588361%2F&show_text=false&width=560&t=0

Во делот политички систем, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави:

СОБРАНИЕ ОД 90 ПРАТЕНИЦИ

Ќе иницираме сеопфатна дискусија во рамки на Собранието за еднократна и единечна уставна измена со која ќе се намали бројот на пратеници од сегашните 120 на 90 пратеници. Ќе се намалат трошоците за работа.

ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија.

РЕОРГАНИЗАЦИЈА
НА МИНИСТЕРСТВА
И ИНСТИТУЦИИ

За поефикасно работење на институциите и соработка помеѓу ресорите, се предлага формирање нови министерства и префрлање на ингеренциите од едни во други министерства.

Министерство за 
економија и труд

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, кое ќе биде клучно за стратешките интереси на Македонија

Министерство за социјална политика, демографија и млади

Министерство за спорт

Министерство за 
култура и туризам

Министерство за дигитална трансформација, кое ќе биде клучно во намалувањето на перцепцијата за корупција и во борбата против истата, бидејќи сите податоци ќе бидат дигитални и транспарентни.

УКИНУВАЊЕ НА КОНЦЕПТОТ НА ЗАМЕНИК-ДИРЕКТОР

Ќе ја разгледаме можноста да се укинат позициите заменик-директор. На овој начин ќе се зголеми ефикасноста во работењето на институциите, а ќе се намалат непродуктивните трошоци во работењето.

НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА УПРАВНИ И НАДЗОРНИ ОДБОРИ

Ќе предвидиме законски измени за намалување на бројот на управни и надзорни одбори во некои органи на државна управа и јавните установи, како и нивниот број на членови.

УКИНУВАЊЕ НА БАЛАНСЕРОТ ПРИ ВРАБОТУВАЊАТА

Целосно почитувајќи го уставниот принцип за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во Македонија, ќе го напуштиме балансерот при вработувањата.

На овој начин, првенствено ќе се почитуваат личните квалитети, стручноста, компетентноста и мерит системот при вработувањата во државните институции.

Балансерот е дискриминирачки за сите освен за една етничка заедница, беше посочено.

ДИГИТАЛЕН ПОПИС 
НА НАСЕЛЕНИЕТО

Во процесот на надградување на системот на електронскиот регистар на население, ќе обезбедиме услови за извршување на дигиталниот попис на население во 2026г.

Можност за пристап до актуелни и точни податоци за системското планирање на општествено-економските политики на државата.

Во делот правосудство, Мицкоски најави:

РАСПУШТАЊЕ И ЗАКОНСКА РЕФОРМА НА СУДСКИОТ СОВЕТ И СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Сегашниот состав на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители го имаат изгубено кредибилитетот и затоа ќе бидат распуштени. Со законски измени ќе утврдиме строги и објективно мерливи критериуми кои треба да ги исполнат новите членови, избрани од Собранието и Претседателот на државата. Ќе утврдиме јасно дефинирана постапка за избор и разрешување, задолжително образложение на донесените одлуки како и зголемена транспарентност во одлучувањето со присуство на јавноста и медиумите.

Сега има 

ПРОВЕРКА НА ИМОТОТ НА СУДИИТЕ, ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА

Ќе воведеме програма за целосна проверка на имотот со цел јасно одделување на чесните од нечесните. Доколку не се докаже законитоста на стекнувањето на имотот за истиот ќе биде пропишано поведување на постапка за разрешување со што ќе се смета дека не е достоен за вршење на професијата.

Во делот антикорупција, во Платформата 1198 е наведено:

СПЕЦИЈАЛНИ РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЦИ ЗА СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА

Сите службени возила на државните институции ќе бидат означени со регистарски ознаки во различна боја за нивно препознавање.

Ќе се предвиди обврска за создавање на регистар на службени возила во сопственост на државните и јавни институции.

МЕЧИРАЊЕ НА БАЗИ ЗА ПРОВЕРКА НА ИМОТ И СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА

Управа за јавни приходи,

Централен регистар и Катастар.

Овие мерки се само дел од 1198 проекти наведени во Платформата на ВМРО-ДПМНЕ за престојните избори.


1412

Задолжително

Verified by MonsterInsights