April 17, 2024

Синдикатите најавува серија протести, работниците излегуваат на улица

Според Трендафилов, на 2 април се организира протест кој ќе започне од пред зградата на Работничкиот дом и ќе заврши пред Врховниот суд. Со протестот ќе се покаже на судиите дека треба да се одважат, а правото и правдата мора да победи. Трендафилов смета дека судиите треба што е можно побрзо да донесат нова пресуда со која ќе го вратат Работничкиот дом на работниците, на оние кои го граделе. Тој најави и уште еден протест на 8 април од страна на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, бидејќи вработените во здравство нема да добијат усогласување на нивните плати со порастот на минималната плата.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, најави за идната недела, поточно на 2 април, работнички протест со цел да се застане на пат на неоснованото судско решение, а зградата на Работничкиот дом да им се врати на вработените. Тој кажа дека протестот ќе започне од пред седиштето на ССМ и ќе заврши пред Врховниот суд.

-Работниците и граѓаните имаат избор и немаат повеќе изговор да не учествуваат на ниту еден од протестите кои ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија. На 2 април се организира протест кој ќе започне од пред зградата на Работничкиот дом и ќе заврши пред Врховниот суд. Да им покажеме на судиите дека треба да се одважат, а правото и правдата мора да победи. Судиите што е можно побрзо да донесат нова пресуда со која ќе го вратат Работничкиот дом на работниците, на оние кои го граделе, револтирано кажа Трендафилов и дополни дека пред еден месец доставиле до Основниот граѓанскиот суд Скопје предлог за повторување на постапката врз основа на нови докази.

Тој кажа дека Работничкиот дом секогаш бил сопственост на работниците, а не на државата.

-Во вторник ќе ги охрабриме да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом од работниците и за доделување на државата. На државата не ѝ треба уште една зграда, и требаат работници, и требаат синдикати, реагираше вчера Трендафилов.

Трендафилов најави и уште еден протест. Според него, дел од јавната администрација, бидејќи ги нема потпишано колективните договори нема да може да го добие усогласувањето на мартовските плати со растот на минималната плата. Токму од овие причини најави дека на 8 април Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита организира ќе организираат протест. Најавено е протестот да почне пред зградата на ССМ, а да заврши пред Министерството за здравство, каде што ќе  го искажат своето незадоволство.

-Одредени сектори како дејноста здравство нема да добијат усогласување на нивните плати со порастот на минималната плата. Нема да добијат ниту во дејноста образование, ниту во полицијата и неколку други дејности. Повеќе од 20 илјади работници во здравството остануваат без ова усогласување на нивната плата, укажа Трендафилов и дополни дека УПОЗ ги потпишал колективните договори, па судството и неговите служби, како и јавното обвинителство ќе имаат мартовско усогласување на плати.

Трендафилов дополни дека ССМ и оваа година традиционално на 1 мај ќе излезе на улица.

-На сите оние кои претендираат да ја водат државата, да ги слушнат работниците што очекуваат и бараат од нив. Жалосно е да не ги слушнат работниците, а и работниците да не ја искористат можноста јасно и гласно да им кажат што очекуваат од нив. Дел од тоа се и очекувањата, 450 евра најмалку да биде минимална плата, ветување  што е најавено за уште првите сто дена од новата Влада. Но, да има и други законски измени, особено да се врати неоснованото зголемување на храната, да се врати превозот за работниците… посочи Трендафилов, кој заврши со фактот дека работниците се иднината и дека треба да се слушне и почитува нивниот глас.

(В.Ма.)


1075