МИРКА ГИНОВА – ИНСПИРАЦИЈА И ВИЗИЈА ЗА ДЕНЕШНИТЕ ЖЕНИ-ПОЛИТИЧАРКИ

Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Унијата на жените при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола, вечерва се одбележа 75 годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција, 76 годишнината од прогонството на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и 108 годишнината од раѓањето на хероината Мирка Гинова како инспирација и визија за денешните жени-политичарки во Македонија. Присутните ги поздравија градоначалникот на општина Битола д-р Тони Коњановски, претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН Александар Јаневски, Тимчо Муцунски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорѓија Сајкоски носител на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата “Твоја Македонија” во Изборната единица 5. Со тапани и егејски сплет од песни и ора настапија играорците на Ансамблот за фолклор “Гоце Делчев“ од Битола, а стихови за хероината Мирка Гинова рецитираше актерката Јулијана Мирчевска, која истовремено беше водителка на програмата. За вечен помен и спомен на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија, за македонската голгота од таканаречената Граѓанска војна во Грција 1946-1949 година, пред присутните се емитува и кус документарец.


1412

Задолжително

Verified by MonsterInsights