На 18 април официјално почнува кампањата за парламентарните избори 2024

На ден пред официјалниот почеток на кампањата за парламентарните избори претставници на партиите ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори.

Ноќеска на полноќ, пак, заврши рокот за пријавување на болни и изнемоштени за гласање на претседателските избори на 24 април.

Од утре до 22 април на полноќ кампањите за претседателските избори и за парламентарните избори се преклопуваат, а кампањата за парламентарние избори ќе се одвива и за време на молкот за претседателските избори.

Владата на вчерашната седница одлучи 24 април и 8 мај да бидат неработни денови за сите граѓани, заради непречено спроведување на изборите за Претседател и изборите за пратеници и овие два неработни дена нема да се одработуваат.


1072