ПРЕД И ПОТОА – ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОЕКТОТ „ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ДОМОВИ“ ВО ОПШТИНА БИТОЛА
По објавувањето на јавните повици од страна на Општина Битола за субвенционирање и поддршка на станбени згради за колективно домување, преку проектот „Енергетски ефикасни домови“, веќе имаме финални резултати, преку кои граѓаните ќе можат да ги почувствуваат придобивките од енергетската ефикасност.
Една од главните заложби на општината е да обезбеди што поголема енергетска ефикасност на јавните објекти, но истовремено и да ги субвенционира колективните приватни згради, со цел да обезбедат поголема енергетска заштеда на своите домови.
Оваа успешна пракса, општина Битола ќе ја спроведува и во иднина, а преку фотографиите може да се види разликата пред и по поставувањето на енергетски ефикасна фасада на зграда во населбата Карпош.
Ги охрабруваме жителите на колективните станбени згради и натаму да ги користат субвенциите на општина Биотла, со цел да обезбедат подобри услови и енергетски ефикасни домови.

