Заев уште пред 11 години ми рече дека сака од мене да направи претседател на Македонија, вели Пендаровски од Струмица
Пред околу 11 години имав средба со еден човек, кој ми рече „сакам од тебе да направам претседател на Македонија“. Тоа е Зоран Заев.
Со овие зборови, актуелниот претседател Стево Пендаровски и кандидат за втор мандат поддржан од СДСМ вечерва го започна излагањето на митингот во Струмица, посочувајќи дека сака да каже неколку реченици за поранешниот премиер Зоран Заев, како и за ексминистерот за здравство и носителот на Изборната единица 4 Венко Филипче.
„Во овој момент има 15 партии кои стојат не само зад мојата кандидатура, туку се заедно и за парламентарните избори. Коалициите се прават врз основа на вредности пред да влезев во изборен циклус. Многу е чудно со почната кампања ти да молиш за помош уште некој да ти дојде.
„Влеговме во заедничка битна во 2014 година, но година дена пред тие избори, тој беше сигурен дека ќе станеме еден ден тоа што сме. Тој премиер, а јас претседател. И ми рече вака, 2014 е само загревање за да ги добиеме следните избори и 2016 година и со масовна поддршка на македонските граѓани ние го победивме режимот со пенкало“,рече Пендаровски.
За Филипче, Пендаорвски рече дека е „Скопјанецот на привремена работа во Струмица“.
Тоа е знак на слабост и знак на нервоза дека работите не им одат како што планирале. А планираа уште пред година дена, сите ресори ги поделија. Точно се знае кога ќе биде министер кога ќе дојдат на власт“, вели актуелниот претседател и кандидат за втор мандат поддршан од СДСМ