Битолчанка Марија Димовска убедлива против Обрадовиќ

Настанот за светската титула на ВАКО Про во К1 меѓу Бобан Илиоски вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје го отвори мечот меѓу талентиранта битолчанка и репрезентативка на Македонија Марија Димовска – Марија Обрадовиќ од Србија во лоу кик за постари јуниори.

Димовска беше поакативна, а во втората и третата рунда супериорна. Во средината на третата Обрадовиќ беше пред ноакут.

62 кг Марија Димовска – Марија Обрадовиќ (Србија) лоу кик постари јуниори 3-0

 Ова е првпат Македонија да биде домаќин на еден ваков кикбокс-настан, кој е еден од најголемите настани во регионот. Настанот е во организација на Кикбокс маитаи-федерација на Македонија.

ВАКО Про Арена фајт најтс:

88,6 кг Бобан Илиоски – Берк Дузенли (Турција) за светската титула на ВАКО Про К1
85 кг Димитар Ѓоргиев – Никола Миљковиќ (Србија) лоу кик
73 кг Лоаи Сакаш (Србија) – Александар Милошевиќ (Србија) К1
75 кг Максим Митровски – Алекса Павловиќ (Србија) К1 постари јуниори
86 кг Узеир Нелсон – Лазар Татиќ (Србија) К1
63 кг Викторија Варадинова – Теодора Видиќ (Србија) К1
71 кг Силвио Мировски – Вук Митровиќ (БиХ) лоу кик постари јуниори
62 кг Марија Димовска – Марија Обрадовиќ (Србија) лоу кик постари јуниори 3-0


1340