Почит пред споменикот „Ангел“ одадоа ОК ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА
На 23 годишницата од крвавиот и брутален масакр во поновата историја на Македонија, каде беа убиени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“, представниците на ОК ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА на чело со претседателот и кандидат за пратеник Пеце Милевски, пред споменикот „Ангел“ одадоа почит и положија букети со свежо цвеќе.







Во колективната меморија имињата на битолските загинати бранители кај Вејце Маријан, Илчо, Бошко и Кире остануваат како болни сеќавања.