Листа на НАЈСКАПИ и НАЈЕВТИНИ земји за живот: Еве кај сме ние!

World Population Review објави листа на европски земји според трошоците за живот, рангирани од најскапи до најевтини. Листата составена од оваа американска организација за собирање податоци за глобалното население и демографија вклучува 41 европска земја.

Пресметката е направена со споредување на цените на стоките и услугите во Њујорк, а се земени предвид пет критериуми – трошоците за живот воопшто, цените на киријата или домувањето, цените на намирниците, цените на рестораните и индексот на цените на производителите.

Според оваа пресметка, најскапи земји за живеење се Швајцарија и Исланд. По нив следуваат два британски даночни раја – островите Џерси и Гернзи, а на петтото место е Ирска.

Меѓу десетте најскапи се Норвешка, Луксембург, Данска, Холандија и Велика Британија. Австрија е 11-та, а Германија 12-та.

Гледајќи кон дното од табелата, земјата со најниски трошоци за живот е Белорусија. Малку над него се две завојувани држави – Украина и Русија, а потоа следуваат Македонија и Молдавија.

Бугарија е рангирана на 36-то место, што ја прави најевтина (и, се разбира, најсиромашна) членка на Европската Унија, и е наречена „еден од скриените скапоцени камења во Европа за туристите и иселениците“. Веднаш над неа, на 35-то место, е Романија, додека соседна Србија го зазема 34-то место.

Од земјите во регионот, Словенија е најскапа за живеење и се наоѓа на 25. место. Заедно со Словенија, најскап живот во земјите од регионот има Хрватска, која е на 29. место. По нив следуваат Црна Гора на 31., Унгарија на 32, додека Босна и Херцеговина не се најде на оваа листа.

Полска е на 30. место, а поскапи од неа се Словачка, Летонија, Литванија, Словенија, Грција, Естонија, Чешка, Португалија и Шпанија, кои се рангирани по тој редослед до 20. место.


1086