Моделот и џокеј Цеце Георгиев има нова тетоважа

Некогаш беше една од најпознатите македонски манекенки и најхрабри фото модели, Цеце Орешкова, сега Георгиев, денес е целосно посветена на семејството, особено по раѓањето пред повеќе од пет години на нејзината ќеркичка Кара Розмари, која ја доби од бракот со манекенот Кристијан Георгиев.

Во меѓувреме,  високите потпетици, позирањето и манекенскиот „cat walk“ по модната писта речиси комплетно ги замни со нова страст… Хиподромот, коњите и џокејството! Дали заради студиите по ветерина или обратно, сеедно, на манекнката коњите, јавањето и џокејството и станаа повеќе од пасија… Или поточно речено, новаа љубов! Како сопственичка на коњи(чки клуб), овие четвороножни љубимци станаа нејзино секојдневие, на кое полека ја „навлекува“ и нејзината мала ќеркичка.

Длабоко навлезена во коњичките спортови и тајните на јавањето и тоа се’ повеќе како профи џокеј Цеце оди и на коњички натпревари каде освојува и награди.

Токму затоа Цеце Георгиев реши  својата љубов да ја овековечи… Доброволно да се „жигоса“ себеси, во име на истата таа љубов и страст кон коњите. Иако не и е прв пат, зашто на своето тело веќе има тетоважи посветени на својата нова страст – коњите, сега одново почувствува потреба за уште една, нова тетоважа со посвета.

Тетоважа на која ништо не пишува,ама затоа она што тетовираниот цртеж го симболизира многу тоа кажува.


1091