Андријана Јаневска промовирана во доктор на науки

Македонската пејачка, виолинистка и педагог Андријана Јаневска со музиката се дружи уште од мали нозе.

Факултетот за музичка уметност го завршува со највисока оценка,  а потоа и магистрира на отсекот Методика на музичка настава. Како професорка по солфеж и соло пеење на катедрата за популарни жанрови на Факултетот за музичка уметност, но и виолинистка во НОБ  ја зеде и официјално дипомата на 13.05.2024 во Ректоратот на УКИМ каде беше промовирана во доктор на науки.

– Денес во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. Благодарност до проф. д-р Родна Величковска која како мој ментор несебично ми помагаше во текот на пишувањето на трудот. Честитки и до останатите колеги – додаде во описот покрај фотографиите кои ги сподели.

Под објавата се редеа честитките од нејзините соработници , колеги и  естрадата кои  несебечно искрено и посакаа уште многу големи успеси.

„Само небото бека ти е граница“, „Расветлувај го народот со најубави песни“, „Вредно македонско девојче“, „Браво“, „Македонија е горда со тебе, да ти се множат успесите“ и порачаа тие.

Пејачката  нејзините истражувања  макотрпно ги собираше  долго време и неуморно работеше на тоа девет години  и  заокружи една целина во која  успеа да заштити над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“.

„Моите истражувања покажаа дека Македонците од овие региони никогаш не ги напуштило чувството за песната, јазикот, припадноста и идентитетот!
Македонскиот народ кој живее во овие три региони, токму преку традиционалните македонски песни во разни варијанти е поврзан како еден единствен народ“ – напиша тогаш таа.


2031